Македонија

ВИДЕО: „Ќурка“ врзана за автомобил од Влада до Собрание, а „предавниците“ седнати пред МНР

ВИДЕО: „Ќурка“ врзана за автомобил од Влада до Собрание, а „предавниците“ седнати пред МНР

„Ќурка“ врзана за автомобил се возеше од пред зградата на Владата па се до Собрание. Мисирката заврши со демонстрантите пред зградата на Собранието каде се држеа говори против францускиот предлог десетта вечер по ред.

Демонстрантите рекоа дека мисирката е за премиерот Димитар Ковачевски.

А пред зградата на Министерството за надворешни работи пак на плакат како „предавници“ беа истакнати МНР Бујар Османи, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Активисти на Левица донесоа гилотина пред Собрание, на која пишува француски предлог.

Протестите продолжуваат утре во 13.30 пред Собранието. Тогаш започнува собраниската седница, а пред тоа ќе се обрати пред пратениците и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни