Албин Курти даде целосна поддршка на „студентските“ протести во Белград. Курти ова го кажа на чист српски сред Загреб, каде им се обрати на медиумите по средбата со Андреј Пленковиќ.
Премиерот на привремените институции на Приштина Албин Курти денеска ги поддржа студентските протести и блокадата на факултетите во Србија.
„Србија е недемократска земја во која не се почитуваат човековите права и правата на малцинствата“, рече Курти во обраќањето до медиумите по средбата со хрватскиот премиер Пленковиќ.
Тој изјави и дека во Србија нема владеење на правото и дека Србија е само формална република.
Режимот на Вучиќ не научи ништо од минатото, знаеме како завршија студентските протести во времето на Милошевиќ, рече Курти.
Курти пред медиумите во Загреб се обрати на српски јазик.
