Малото девојче кое пред 4 години ја освои големата сцена со победа на светското шоу „Америка има талент“ Дарси Лин повторно се врати на сцената.
Дарси настапи како гостин во новата сезона на шоуто, каде во моментов се одржуваат настапите „во живо“.
Таа и куклата Оскар имаа супер настап, а Дарси уште еднаш покажа зошто беше прогласена за победник на шоуто во 2017 година.
