Постар маж облечен како жена со здолниште и високи црни потпетици провалил и ограбил фризерски салон во Варна, Бугарија. Ова покажува видео на Фејсбук.
Според И.Кирилова, која го сподели видеото и најверојатно е сопственик на салонот за убавина, човекот украл две машинки.
Кога ќе облечеш здолниште и штикли и ќе решиш дека ова е доволно маскирање за да украдеш две машинки!“, пишува Кирилова. Десетици коментираат под нејзината објава за иновацијата на крадецот и го исмеваат човекот.
На видеото се гледа како се вклучува алармот на објектот и се палат светлата, но човекот мирно ја продолжува обиколката на салонот,
Сопственикот на фризерскиот салон веќе го пронашол сторителот на кражбата. Се испостави дека живее во блокот зад салонот.
И. Кирилова вели и дека мажот најверојатно веќе ги користел украдените машинки, бидејќи се избричил. „Тој се подготви за апсење“, забележува таа.