ВИДЕО: Меган Маркл не престанува да воодушевува со своите модни избори

Принцот Хари и Меган Маркл пристигнаа во Њујорк и за прв пат од раѓањето на нивната ќерка Лилибет, одлучија да ги продолжат промоциите и да работат во хуманитарни цели, кои ги основаа кога го напуштија кралскиот двор и сите должности.

Славниот пар одлучи да им се придружи на најголемите sвезди во Њујорк на настан организиран за промовирање на вакцинација против корона вирусот. Покрај Меган и принцот Хари, присуствуваат и Елтон Џон, Били Ајлиш, Џенифер Лопез и многу други. Настанот ќе трае цели 24 часа.

Двојката веќе го обиколи споменот на 11 септември, а подоцна Меган и нејзиниот сопруг Хари ја промовираа книгата за нивните деца наречена „Клупа“ во училиште во Харлем.

За оваа пригода, поранешната војвотка од Сасекс носеше интересен комплет во црвено. Носеше и црвени стилето чевли. Ја пушти косата, а црните очила само го кренаа целиот стајлинг.