Свет

ВИДЕО Млад брачен пар од Хрватска бил во автобус на смртта кај Венеција: Заминале на меден месец, сега се тешко повредени

ВИДЕО Млад брачен пар од Хрватска бил во автобус на смртта кај Венеција: Заминале на меден месец, сега се тешко повредени

Меѓу повредените во страшната несреќа во Венеција кога автобусот излетал од патот има и двајца хрватски државјани, жена и маж кои се во многу тешка состојба.

Како што пренесува Index.rs, меѓу хоспитализираните патници се четворица возрасни и двајца браќа од Германија на возраст од седум и 13 години. Како што неофицијално дознава Слободна Далмација, станува збор за млад брачен пар на околу 20-тина години, кој се венчал пред дваесетина дена, а заминал на свадбено патување во Италија.

Двајцата биле оперирани и се смета дека се надвор од животна опасност. Бидејќи ги изгубиле двајцата родители, им била укажана психолошка помош.

Тешко повредена е и жена од Шпанија. Таа се здобила со изгореници на 60 отсто од телото.

Да потсетиме, најмалку 21 лице загина, а повеќе од 20 се повредени при пад на автобус со туристи од надвозник.

Официјални лица изјавија дека возилото паднало на далноводи и се запалило.

Причината за несреќата се уште не е утврдена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни