Свет

ВИДЕО: Над 200 часа по земјотресот: Извлечена жива мачка од зграда во Турција

ВИДЕО: Над 200 часа по земјотресот: Извлечена жива мачка од зграда во Турција

Повеќе од 200 часа по разорниот земјотрес во Турција, мачка беше спасена неповредена од високите катови на трошен станбен блок. Белата мачка ја симнале пожарникарите со специјализирана опрема – во корпа на багер кој учествувал во спасувачките операции.

На снимката може да се слушне жена која вели дека миленикот итно треба да добие вода бидејќи најверојатно е дехидриран. Веднаш штом била донесена на безбедно, мачката била однесена на темелен преглед кај ветеринар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни