ВИДЕО: Над Хрватска се појави метеор со зелен отсјај

Необичен астрономски настан се случи пред два дена на небото над Хрватска.

Како што пишува Танјуг, паднал метеор што можел да се забележи од речиси сите делови на земјата.

Бројни сведоци објавија дека станува збор за светол објект на североисточниот хоризонт кој „горел“ неколку секунди, а хрватскиот астрономски сојуз објави и видео од падот на метеорот.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност, бидејќи предвидената максимална активност на метеорскиот дожд Орионид е предвидена за раните утрински часови на 21 октомври“, соопшти Сојузот.

Според порталот „Далмација“, метеорот имал зеленкаст сјај, а забележани биле три посилни блесоци.