Свет

ВИДЕО Најмалку 50 мртви во пожар во трговски центар во Ирак

ВИДЕО Најмалку 50 мртви во пожар во трговски центар во Ирак

Педесет лица загинаа во голем пожар во супермаркет во источниот ирачки град Ал-Кут, објави државната новинска агенција ИНА во четврток, повикувајќи се на гувернерот на покраината.

Видеата што кружеа на социјалните мрежи покажаа пламен како ја зафаќа петкатна зграда во Ал-Кут преку ноќ, додека пожарникарите се бореа да го локализираат пожарот. Ројтерс не можеше независно да ги потврди видеата.

Причината за пожарот сè уште не е позната, но гувернерот изјави дека првите резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа, објави ИНА.

„Покренавме тужби против сопственикот на зградата и трговскиот центар“, го цитираше ИНА гувернерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни