ВИДЕО Напаѓачот со нож оди кон семејство, херој стои пред него и ги штити: Вознемирувачка снимка од Сиднеј

На социјалните мрежи се појави фотографија од наводниот напаѓач од трговски центар во Сиднеј, кој уби најмалку пет лица. Со нож избодел случајни луѓе, а во својата крвожедна треска избодел и бебе!

На фотографијата се гледа човек кој стои на ескалатор, а во раката држи нож.

На едно видео се гледа како напаѓачот оди кон семејството, кога пред него застанал маж и му го попречил патот.

Напаѓачот веднаш се предомислил и се свртел во друга насока од човекот кој не сакал да отстапи.

Да потсетиме, најмалку пет лица беа убиени во напад со нож во трговски центар.

Ужасот се случил околу 16 часот во саботата попладне, при што очевидци велат дека мажот наизменично ги прободел луѓето, вклучително и една жена и нејзиното бебе, пред да биде застрелан од полицијата.

Семејствата во паника опишаа дека трчаат да си ги спасат животите додека тактичката полиција упадна во трговскиот центар.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното