ВИДЕО Направете ја оваа торта која се топи во уста, една состојка е клучна

Во оваа торта се комбинираат афион, плазма и бело чоколадо, а вкусот е неверојатен.

Постојат многу рецепти за колачи со афион , а најпознат е секако – штрудлата со афион. Тортата што ја предлагаме комбинира неколку состојки и е празник за сетилата. Лесно се подготвува, за само десет минути.

Пробајте го овој рецепт и уживајте во неверојатна торта со вашето семејство или гости.

Состојки
300 гр мелено семе од афион
300 гр мелена плазма
600 мл млеко
200 гр путер
200 гр шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
4 полни лажици гриз

За глазурата:

100 мл слатка павлака
200 гр бело чоколадо

Подготовка:

  1. Во тавче прво ставете шеќер и гриз, додадете малку млеко и измешајте.
  2. Додадете го остатокот од млекото.
  3. Промешајте и доведете до вриење.
  4. Додадете екстракт од ванила.
  5. Кога ќе се свари гризот, по неколку минути додајте го путерот, а кога ќе се растопи тргнете го од шпоретот.
  6. Потоа додадете го афионот, промешајте, добро соединете и додадете ја мелената плазма. Префрлете го во калап од 20 сантиметри и оставете да се излади.
  7. За глазурата загрејте ја слатката павлака додека не зоврие и додадете го белото чоколадо да се растопи. Кога ќе се растопи и малку ќе се излади, прелијте го со изладениот колач.