https://www.facebook.com/tv21hd/videos/234580277206043/
Oбиколницата над Битола од синоќа е затворена за сообраќај. Од АМСМ информираат дека се работи за свлечиште, но од Македонија пат уверуваат дека сообраќајот во двата правци е во прекин поради почеток на реконструкција. Иако поставени знаци за забрана за движење, голем дел од возачите, барем денеска, не ги почитуваа.
Не е точна информацијата на АМСМ дека на магистралниот пат Прилеп – Охрид кај местото позната како “Билбил Камен”, во близина на Битола дека има ново свлечиште. ТВ 21 дознава дека обиколницата е затворена поради почетокот обнова на патот.
„Обиколницата над Битола на магистралниот патен правец Прилеп – Охрид ќе биде времено затворена поради реконструкција на патниот правец и конечна санација на неколкуте свлечишта кои во минатото правеа проблем на обиколницата над Битола“, вели нашиот дописник Јовица Пауноски.
Информацијата дека има свлечиште на овој патен правец, до попладнево, стоеше на веб страницата на АМСМ. Кога им се обратоивме, по телефон ни одговорија дека штом добијат информација од Македонија пат дека патот може да биде пуштен во употреба, ќе ја повлечат информацијата.
Директорот на Јавното претпријатие Државни патишта, Зоран Китанов ни дека некое време меѓуградскиот сообраќај ќе минува низ Битола поради почетокот на активностите на фирмата „Илинден“ од Струга која го добила тендерот за Санација на државен пат А3, Обиколница на Битола во вредност од 38,911 евра.
Од градежната компанија за ТВ 21 велат.
„Механизацијата е веќе на терен. Ќе започниме со рехабилитација на патниот правец од раскрсница за село Крклино до бензинска пумпа Лукоил. Поставени се и знаци за измена на режимот на сообраќај. Но ние не сме вклучени во санацијата на свлечишта, затоа што тој дел од градежни работи го завршивме во месец мај“, велат од градежната компанија за ТВ 21.
Иако е издадена забрана за движење по овој патен правец во двете насоки, и се поставени знаци, возачите денеска не ги почитуваа.
Обиколницата над Битола често пати беше затворана за сообраќај, токму поради одрони од ридот, кои зачестија по големите поплави во Пелагонија во 2015 година. Сообраќајот се пренасочуваше низ градот, што создаваше метеж и доплнително аерозагадување.
Оваа делница беше пуштена за сообраќај во мај, но очигледно за кусо време и требаат поправки. Засега не се знае до кога ќе трае обновата, односно, како што целат од фирмата изведувач – зависи од временските услови. За тоа време и без тоа фреквентниот сообраќај низ Битока, ќе биде уште пооптоварен.
РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ | ТВ 21
