ВИДЕО: Несекојдневна глетка, НАСА објави видео како Македонија утрово изгледаше од вселената

Прекрасни кадри од нашата Македонија утрово беа објавени од страна на НАСА.

На видеото се гледа од вселената Преспанскиот регион и двете наши најголеми природни езера Охридско и Преспанско.

Инаку Меѓународната вселенска станица на НАСА е 260 милји (420 км) над планетата во ниска земјина орбита.

Потребни се 90 минути за Меѓународната вселенска станица да заврши една орбита околу Земјата. За тоа време поминува во темната страна на земјата 1/2 од времето. За време на темниот период, ќе можете да гледате молњи и светлина од градовите.