ВИДЕО: Несреќа во Унгарија – има загинати
Трагичен инцидент во Унгарија. Пет лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во судар на воз и комбе, јавува БТВ.
Несреќата се случила околу 7 часот на железнички премин во Миндсент, јужна Унгарија, во близина на границата со Србија.
Според првичните информации, комбе се обидел да помине на железничкиот премин, игнорирајќи ги црвените семафори.
При судирот комбето во кој се наоѓале 22 патници излета од шините. Двајца од нив се тешко повредени, другите се со полесни повреди.
Акцијата за спасување продолжува.
Имате вест, приказна или проблем?
Пиши ни