Хамас ослободи уште двајца заложници. Нурит Купер (83) и Јошевед Лифсиќ (85) се двете од стотиците киднапирани од Хамас од Кибуц Нир Оз на југот на Израел. Заедно со Нурит и Џошевед, киднапирани се и нивните сопружници – Амирам (85) и Одед (83), кои Хамас не ги ослободи.
Минатата недела групата ги ослободи Американците Натали и Џудит Ранан. Ова ослободување на заложниците доаѓа додека ескалира хуманитарната криза. Иако повеќе од 50 камиони со помош пристигнаа во Газа, хуманитарните групи предупредуваат дека тоа не е доволно.
Ослободувањето на Нурит и Јошевед од заробеништво на Хамас им дава надеж на нивните семејства, изјави Шерон Лифшиц за Си-Ен-Ен.
„Невозможно е да се опише чувството кога дознав дека мајка ми е ослободена. Се чувствува добро и може да оди. Приказната на мајка ми е неверојатна. Ова е мал зрак надеж во тешката приказна која сè уште се одвива. Едвај чекам да ја гушнам мајка ми и да се видам со другите членови на моето семејство“, изјави Лифсиќ.
🚨HAMAS RELEASE FOOTAGE OF HOSTAGE RELEASE pic.twitter.com/SWPXTIDNqM
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 23, 2023
Таа потврди дека нејзиниот татко сè уште го држи Хамас.
„Има многу повеќе луѓе. Очекуваме добри вести за сите“, рече таа.
Овие две постари Израелки се предадени на војската и се на пат кон медицинска установа во Израел, соопшти кабинетот на премиерот.
Најмалку 222 лица беа киднапирани кога напаѓачите од исламистичката група, која ја контролира Газа, извршија терористички напад врз израелските заедници на 7 октомври.