ВИДЕО Невреме на Халкидики: Поплавени улици во Неа Флогита!

Членови на групата „Грчка Инфо“ на Фејсбук, кои моментално престојуваат во Неа Флогита, споделија фотографии од поплавени улици, откако силно невреме го зафати овој дел на Халкидики.

Според објавите, обилните врнежи предизвикале нагло собирање на вода на повеќе локации, што го отежнало движењето низ местото.

Дополнително, на социјалната мрежа беше објавено и видео од Ханиоти на кое се гледаат големи и силни бранови во морето.

Времето останува нестабилно, со облачност и повремени врнежи кои се очекуваат и во текот на денешниот ден. Туристите се повикуваат на претпазливост и следење на временските прогнози.