Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави последици и на Меѓународниот аеродром Скопје, каде по обилниот дожд прокиснал таванот во дел од терминалната зграда.
Според првичните информации, водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот, по што биле преземени мерки за спречување на поголеми штети.
Невремето проследено со силен ветер и пороен дожд предизвика големи штети на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои паднати дрвја, откорнати кровни конструкции, оштетени возила и проблеми во сообраќајот.