Македонија

ВИДЕО Нов ЛЕД екран на стадионите – ФФМ го подигнува стандардот на фудбалот во Македонија

ВИДЕО Нов ЛЕД екран на стадионите – ФФМ го подигнува стандардот на фудбалот во Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го подигна стандарот на стадионите со новата инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри. Оваа иновација има за цел да го подобри искуството за публиката, да ја зголеми видливоста на партнерите и да создаде модерен дигитален фудбалски амбиент.

„До сега, рекламите на стадионите во Македонија се поставуваа само на дрвени табли. Со оваа инвестиција правиме голем исчекор кон современите стандарди. Сè е изведено без изнајмување, со јасна визија“, истакна Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

Тој посочи дека ова е уште едно исполнето ветување и конкретен чекор кон професионализација на фудбалот во земјата, како и кон подигање на стандардите за репрезентацијата, публиката и спортот во целина.

„Фудбалот е на прво место. Напред Македонија“, порача Омерагиќ, најавувајќи дека ФФМ ќе продолжи со проекти кои го модернизираат спортскиот амбиент во земјата.

Погледнете го видеото.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни