На социјалната мрежа ТикТок не престануваат да се шират „скандалозни“ видеа направени во Македонија, кои секогаш ја згрозуваат јавноста и предизвикуваат бура реакции.
Најновото такво видео покажува како припадник на некоја полициска или друга безбедносна институција поминува на патарина покажувајќи службена легитимација.
Возач, наместо да плати на патарина, ја вади легитимацијата и минува без проблем на наплатната рампа на автопатот Скопје – Гостивар.