Венецијанскиот уметник Ливио Де Марси направи вистинско изненадување во Венеција.
Станува збор за необична гондола која има облик на виолина.
Noah’s Violin е името на електрична гондола долга 12 метри, се напојува со електрична енергија.
Ова прилично големо уметничко дело настана како идеја за новото раѓање на Венеција.
Направен е да може лесно да се транспортира, има четири дела, а планот е да плови и во други мориња за да се промовира овој град.
За време на првото патување по Големиот канал во Венеција, на него присуствуваа музичари кои ја свиреа музиката на познатиот италијански композитор Антонио Вивалди.
