Во живо Live емисија Гледај
Македонија

„13 години замижувале, а сега никој не е виновен“ – револт на татко кој го загуби детето во „Пулс“

„13 години замижувале, а сега никој не е виновен“ – револт на татко кој го загуби детето во „Пулс“

Томче Стојков, татко на загинато дете во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати остри критики кон одбраната на обвинетите, изразувајќи сомневање дека со предложениот голем број сведоци се настојува да се одолговлечи судската постапка.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Стојков изрази револт поради обидите, како што смета, одговорноста за трагедијата да се префрли на поединечни околности, наместо да се утврдат долгогодишните институционални пропусти.

„На крајот ќе испадне дека никој не е виновен, дека виновни се пиротехниката, возачот на автобусот или некој кабел“, рече Стојков.

Тој тврди дека сопственикот на дискотеката со години свесно ги заобиколувал законите, преку наводно поткупување, фалсификување документи и незаконско работење.

„Ако не било со намера, како тогаш 13 години свесно се подмитувало, се купувало и се фалсификувало? И последната вечер концертот бил организиран свесно, без пријавување“, истакна Стојков.

Тој изнесе обвинувања и за постапувањето на полицијата, тврдејќи дека контролата намерно била одложувана поради наводна блискост на одредени службени лица со сопственикот на објектот.

Според Стојков, трагедијата не е последица на само еден пропуст, туку на долгогодишно непочитување на законите и отсуство на институционална контрола.

„Тој ги искористил сите слабости на нашиот систем, а цената за тоа ја платија нашите деца“, порача Стојков во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни