ВИДЕО Нуркањето тргна на лошо: Ајкула зграпчи девојка за нога и ѝ ги зари забите, камерата го снимила целиот напад!

Драматична сцена е забележана во Бразил, а во центарот на вниманието е туристката Тајана Далазен (36), која била нападната од ајкула од видот Ginglymostoma cirratum.

За време на ронењето, како што покажува снимката, девојката се наоѓала во близина на повеќе морски предатори, по што една од акулите се залетала кон неа и ја гризнала за ногата.

Се вчитува...

Водичот го нападнал предаторот

Ајкулата ја повлекла девојката, додека таа панично се борела и се обидувала да се ослободи. Туристичкиот водич потоа го удрил предаторот и го натерал да се повлече.

По нападот, Тајана ги опишала моментите на ужас, истакнувајќи дека чувствувала како ајкулата ја тресе главата откако ја зграпчила за ногата, пренесува Daily Mail.

Таа нуркала заедно со две пријателки и во придружба на водич. Откако излегла од водата, една од пријателките, инаку дерматолог, ѝ ја исчистила раната по што била пренесена во болница.

Надлежните покренаа истрага

Објавените фотографии покажуваат бројни рани на ногата, но Тајана ги смирила пријателите и семејството, наведувајќи дека се чувствува добро. Додала дека ќе ѝ остане лузна, но дека нема проблем со тоа.

Инцидентот се случил на локација која претходно била означена од еколози како „ризична“, поради нерегуларно хранење на морските животни. Тие предупредиле дека таквата пракса може да доведе до промена во однесувањето на акулите.

Надлежните покренаа истрага и потенцираа дека хранењето на морските суштества е строго забрането во рамките на заштитеното подрачје, како и дека несоодветна интеракција со морскиот свет може значително да ја зголеми опасноста од напади.