На патниот правец Битола – Ресен, кај превојот Ѓавато екипата на ТВ21 регистрираше неколку заглавени возила поради обилните врнежи од снег во овој реон.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1630183437281283/
Некои поставуваа зимска опрема, некои бараа помош од влекач, други револтирани зошто не се чисти снегот од патиштата.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Се препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

