Свет

ВИДЕО Ова е моментот на рускиот напад врз Киев

ВИДЕО Ова е моментот на рускиот напад врз Киев

Снимка објавена од „Скај њуз“ го прикажува моментот кога руски напад ја погоди украинската престолнина Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека за време на нападот биле употребени речиси 500 беспилотни летала и околу 40 ракети. Според неговите зборови, станува збор за еден од поинтензивните воздушни напади врз Украина во последниот период.

Засега нема официјални информации за бројот на жртви, додека надлежните служби продолжуваат со проценка на штетите и расчистување на последиците од нападот.

Украинските власти информираат дека воздушната одбрана била активирана, а жителите на Киев биле повикани да ги почитуваат безбедносните мерки за време на воздушната тревога.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни