Во германскиот град Мајнашaф во тек е голема интервентна акција по инцидент во индустриски погон, при што дошло до испуштање на жолт гасен облак, соопштија властите вечерва.
Облакот се проширил и над соседниот град Ашaфенбург, поради што официјалните лица ги повикале жителите да влезат во своите домови и да останат таму. Сојузната служба за цивилна заштита предупреди дека облакот може да биде отровен.
Според германскиот „Билд“, инцидентот се случил во фабриката „Schnarr Heinrich GmbH“. Пожарникарите соопштија дека парче метал паднало во кисела бања во производниот погон, што предизвикало хемиска реакција. „Станува збор за околу 6.000 литри азотна киселина“, потврдил портпарол на компанијата.
Итни служби на терен
Двајца работници се полесно повредени.
„Пожарникари, полиција и итна помош се распоредени во голем број во Мајнашaф“, објави градот Ашaфенбург на социјалните мрежи.
„Избегнувајте го тоа подрачје. Затворете ги прозорците и вратите и исклучете ги вентилацијата и клима-уредите“, додале властите.
На местото на несреќата пристигнале околу 250 пожарникари, додека екипите на Итната помош носеле специјална опрема и заштитни одела.
Жителите добиле упатства да им помогнат на децата и ранливите лица, да примат загрозени и да ги следат објавите од полицијата и пожарникарите.
Локалните власти дополнително советувале прозорците и вратите да се држат затворени, а системите за вентилација и климатизација да останат исклучени.
Причината за инцидентот и неговиот целосен обем сè уште не се познати.
Мајнашaф и Ашaфенбург се соседни градови оддалечени само неколку километри, додека поголемиот град Франкфурт се наоѓа северозападно од нив.
In #Mainaschaff bei Aschaffenburg ist es zu einem Unfall gekommen, bei dem wahrscheinlich gefährliche nitrose Gase (zu erkennen an der orangenen Farbe) freigesetzt wurden. Anwohner sollen Türen und Fenster geschlossen halten und nicht ins Freie gehen!pic.twitter.com/C5jFEkz9QT
— Amphitryon (@anti_ideologist) October 7, 2025
Читај и ова:
- 1.Дубаи „хистеријата“ сега е многу повеќе од чоколада
- 2.Ава Карабатиќ се сели во Швајцарија, планира да работи како негувателка во дом за стари лица
- 3.ВИДЕО Еве кои се лицата кои го оставија празниот куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
- 4.Американски шпионски авион го обиколи Калининград
- 5.Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 20 степени