Свет

ВИДЕО: ПАНИКА ВО РУСИЈА ПОРАДИ НЛО! Подигнати борбени авиони, прекинати летови, затворено небо околу Санкт Петербург

ВИДЕО: ПАНИКА ВО РУСИЈА ПОРАДИ НЛО! Подигнати борбени авиони, прекинати летови, затворено небо околу Санкт Петербург

Рускиот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург привремено ги суспендираше сите летови, објавија градските власти на нивниот канал „Телеграм“. Суспензијата ќе трае неколку часа.

Ројтерс јавува дека голем број домашни летови со летови за Санкт Петербург денеска се враќале на своите дестинации. Најмалку пет авиони на пат од главниот град Москва до Санкт Петербург беа вратени назад кон Москва откако првично кружеа во воздух.

Засега не се соопштува причината за прекинот на летовите. Рускиот информативен сајт База објави дека на небото е забележан неидентификуван летечки објект и дека се испратени борбени авиони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни