Голема опасност ги демне пешаците на улица Македонија во Скопје.
Попладнево поради силниот ветер од висококатна зграда на Технометал Вардар падна лим и за малку не ги повреди граѓаните кои во тој момент се движеа.
Случајот како редакција го пријавивме и на телефонскиот број за итни случаи 112.
Претходно од Центарот за Управување со кризи на 8-ми април интервенираа на истата зграда.