Свет

ВИДЕО Пекол во Грција: За само еден ден избувнаа 60 нови пожари, загинаа 20 лица, половина земја се гуши во чад и пепел

ВИДЕО Пекол во Грција: За само еден ден избувнаа 60 нови пожари, загинаа 20 лица, половина земја се гуши во чад и пепел

Во пожарите низ Грција загинаа 20 лица, а само во изминатите 24 часа избувнаа 60 нови пожари.

Грчките пожарникари веќе петти ден се борат да ги сопрат пожарите , од кои најголеми се во Еврос, Александропол и во шумата Дадија.

Како што јави Екатимерини, пожарите се уште беснеат во другите региони на земјата, а главните фронтови каде пожарникарите се борат со пламените јазици се во шумите во близина на Атина, Евија, Самотракија, Макракоми и Родопите на истокот од земјата.

Доцна во понеделникот беше наредена евакуација на болницата во Александрополис, пристанишен град во североисточна Грција, кој се наоѓа во област каде што пожарите беснеат веќе четврти ден.

Крајбрежната стража соопшти дека префрлила 65 пациенти на траект што чекал во пристаништето на градот.

Во градот Менида од три домови за стари лица превентивно се евакуирани 150 лица кои се префрлени во просториите на градското собрание.

Во Грција од саботата до вторникот изгореа 300 пожари, при што изгореа повеќе од 400.000 хектари земја.

Пожарот ги гори долните падини на планината Парните, најголемата шума што граничи со Атина, која неколкупати горела.

Хеликоптери постојано се полеваат со вода на Парнит, за пожарот да не помине низ Националниот парк.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни