Свет

ВИДЕО: Пилотот молеше патници да излезат од авионот! Им понудил по 500 евра за да ги спаси ДРУГИТЕ

ВИДЕО: Пилотот молеше патници да излезат од авионот! Им понудил по 500 евра за да ги спаси ДРУГИТЕ

На Канарските острови пилотот побарал 20 патници да го напуштат авионот бидејќи леталото било претешко.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слуша како пилотот на компанијата „EasyJet“ им се обраќа на патниците упатувајќи неверојатно барање. Бидејќи авионот бил премногу тежок за безбедно да полета од аеродромот Ланзароте на Канарските острови поради силните ветрови, високите температури и должината на пистата, тој побарал 20 доброволци да излезат за да го напуштат авионот.

Снимката беше објавена на Твитер со опис: „Капетанот на летот на easyJet U23364 меѓу аеродромот Ланзароте и Ливерпул имаше невообичаена ситуација да побара 20 патници да го напуштат летот, бидејќи пресметал дека авионот е премногу тежок за безбедно да полета поради силен ветер, висока температура и должина на пистата Им нуделе 500 евра“, пишувало на социјалната мрежа.

Пилотот го започна своето обраќање до патниците со заблагодарување на патниците. „Ви благодариме на сите што сте тука. Бидејќи ве има толку многу на летот, имаме авион кој е претежок денес. Авионот, во комбинација со кратката писта на аеродромот Ланзароте, ветерот и временските услови, е премногу тежок да полетам.Зборував со мојот прв офицер, имаме искуство во ова, тоа го правевме и претходно и заклучивме дека авионот не е безбеден за полетување поради сето горенаведено.Разговарав и со тимот од компанијата и заклучивме дека единствениот начин да летаме безбедно е да го направиме авионот полесен при полетувањето“, рече пилотот.

После тоа, тој побара да се јават 20 волонтери кои нема да летаат за Ливерпул и истакна дека таквите патници ќе добијат 500 евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни