ВИДЕО: По пленарката Заев добиваше честитки од пратениците и министрите

По завршувањето на седницата, премиерот Зоран Заев добиваше честитки од министрите и од пратениците откако вечерва на пленарна седница со 81 глас ЗА беа изгласани уставние измени. Прв му честиташе вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој седеше до него во собраниската сала.

Претходно, седницата три дена беше закажувана и одложувана.

Пратениците со двотретинско мнозинство вечерва во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен и Уставниот закон за спробведување на амандманите.

На седницата не присустуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21