Вулканот Кључевскаја Сопка на Камчатка почна да исфрла лава по силниот земјотрес што го погоди регионот утрово, соопшти огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките (RAN).
Издадено е предупредување за избегнување на областите околу вулканот.
Уште минатата недела, спасувачите им препорачаа на граѓаните да не ги посетуваат вулканите Авачински, Безимјани, Шивелуч, Кључевскаја Сопка и Каримски поради зголемената активност на овие природни гиганти, објавува Дневник.хр.
Rusia: Tras el terremoto de 8.8 en Kamchatka, el volcán Klyuchevskaya Sopka entró en erupción. pic.twitter.com/QFC0rLEMPU
— Realidad internacional (@realidad_int) July 30, 2025
„Во овој момент имаме ерупција на Кључевскаја Сопка“, се вели во официјалното соопштение.
Одделот на геофизичката служба објави и фотографии од ерупцијата направени со камера инсталирана на сеизмичка станица.