Нуркачите од руското Министерство за вонредни ситуации направија вистински подвиг недалеку од Крим, кога извлекоа возило со тежина од три тони од дното на Црното Море од времето на Втората светска војна.
Станува збор за советско возило „ЗИС-33“ кое сега ќе биде обновено и префрлено во локалниот музеј.
В Крыму со дна Черного моря подняли трехтонный автомобиль времен Великой Отечественной войны pic.twitter.com/oCzGvCicfW
— Первый канал (@channelone_rus) October 16, 2021
14 авионски бомби беа извлечени од длабочина од 18 метри. Потоа беа уништени на полигонот.
Возилото е откриено при деминирање на моторниот брод „Жан Жорес“, кој исто така стигнал до дното на морето за време на војната.
