Во масовно пукање во концертна сала во близина на Москва, загинаа 60 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Нешто по 20 часот вчера, напаѓачи во маскирна облека отворија оган со автоматско оружје врз публиката на концертот во московскиот регион.
Следеа две експлозии, а избувна и пожар.
Видео снимката покажува неколку мажи со автоматска пушка како пукаат во трговскиот центар надвор од Москва.
Очевидци ги опишаа напаѓачите како „луѓе во кафена облека“ – „или со елек или со камуфлажа“. Никој од очевидците се уште не прецизирал точно колку луѓе имало. Еден од мажите вели дека напаѓачите не викале ништо. Исто така – дека не носеле маски. Иако друг очевидец рече дека лицата на напаѓачите биле покриени со шалови, со бради, објави bTV.
Според видеото кое се појави по нападот на Крокус, можеме да процениме дека имало најмалку тројца напаѓачи.
Подоцна беше објавено дека органите на редот трагаат по „четворица мажи во маскирна облека“ кои можеби побегнале од местото на настанот.