Свет

ВИДЕО Полицајката му кажала три збора на напаѓачот кој го избодел бебето, па го уби со еден куршум: Расте бројот на жртви во Сиднеј

ВИДЕО Полицајката му кажала три збора на напаѓачот кој го избодел бебето, па го уби со еден куршум: Расте бројот на жртви во Сиднеј

Напаѓачот, кој уби најмалку шест лица и избоде девет лица, меѓу кои една жена и нејзиното деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј, бил елиминиран од полицајка, јавуваат медиумите.

Во моментот на нападот во центарот имало и неименувана полицајка, која самата решила да го спречи напаѓачот.

Таа го следеше низ центарот додека конечно не се најде лице в лице со него.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!

Сопственикот на кафуле Мајкл Данкли видел кога полицајката ја елиминирала заканата.

Таа му рекла да го „пушти ножот“ со сечило од 15 сантиметри („фрли го ножот“), а тој потоа се нафрлил кон неа.

Го убила со еден куршум во градите.

“Таа беше доведена во ситуација кога мораше така да реагира. Тоа го направи многу мирно, таа е фантастична”, изјави Данкли.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни