Балкан

ВИДЕО Полиција следела возач половина час: Направил 11 тешки прекршоци, возел 120 км/ч

ВИДЕО Полиција следела возач половина час: Направил 11 тешки прекршоци, возел 120 км/ч

Припадници на сообраќајната полиција исклучија од сообраќај 35-годишен државјанин на Босна и Херцеговина кој управувал комбе со брзина од 120,5 километри на час на патот кај Шабац каде дозволената брзина е 50 километри на час.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полициски службеници 30 минути го следеле комбето со неозначено возило – „пресретнувач“.

За тоа време евидентирале 11 потешки прекршоци сторени од тој возач, против кого по скратена постапка се поднесени прекршочни пријави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни