Свет

ВИДЕО: Поплавите преплавија автопат во Австрија

ВИДЕО: Поплавите преплавија автопат во Австрија

Неколку реки во централна Европа се излеаја од коритото во понеделникот, предизвикувајќи поплави во кои загинаа најмалку 10 луѓе од Полска до Романија, многу градови се под вода, а најлошото допрва треба да се очекува во некои области.

Пограничните области меѓу Чешка и Полска беа тешко погодени за време на викендот. Некои мостови се урнаа и куќи беа уништени, додека села и градови во источна Романија беа потопени.

Австриската влада ја прогласи целата покраина Долна Австрија погодена од поплавите, околу главниот град Виена и на границата со Чешка за област на катастрофа.

До вторник во земјава се очекуваат дополнителни 60 литри дожд на метар квадратен.

Метеоролозите на јавната телевизија ОРФ предвидоа уште повеќе врнежи во одредени делови на Австрија како Тирол и источниот дел на земјата. На социјалните мрежи е објавено драматично видео од поплавен автопат во близината на Виена. Во главниот град на Австрија, делумно се затворени неколку линии од метрото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни