Повеќе од 100 домови се уништени во голем пожар во јужна Норвешка, поради што стотици жители биле евакуирани, соопштија спасувачките служби.
Пожарот и натаму беснее низ голема станбена населба во Крокстаделва, во општината Драмен, на околу 50 километри западно од Осло, а се проширил и кон блиската шума, соопштија надлежните.
Околу 80 пожарникари, припадници на Цивилната заштита и шест противпожарни хеликоптери се вклучени во гаснењето на огнената стихија.
Во текот на ноќта, хеликоптерите морале да ги прекинат операциите, па пожарникарите на терен останале сами да се борат со пожарот.
Официјалните лица предупредија дека недостигот од воздушна поддршка претставува голем предизвик и може да ги отежне напорите за спречување на понатамошното ширење на пожарот.
„Се прошири неверојатно брзо“
Жителот на Драмен, Фин Роине, изјави:
„Ќерка ми ми се јави и ми рече дека три станбени згради под нејзиниот дом се во пламен. Неколку минути подоцна, јас и мојот син дојдовме овде за да видиме што се случува.
Кога пристигнавме, изгледаше дека ситуацијата е подобра бидејќи пожарот беше пониско, но се прошири неверојатно брзо. Гледавме како пламените јазици уништуваат ред по ред куќи. Потоа ја видов и куќата на ќерка ми. Таа целосно изгоре и сè уште гори. Пламенот сè уште е таму.“
Командантот на полициската интервенција Фроде Престхус изјави дека пожарот се проширил во шумата и прераснал во голем шумски пожар кој се движи кон југ.
„Планот е пожарникарите, заедно со Цивилната заштита, да му пристапат на пожарот од јужната страна и постепено да го гаснат кон север, односно кон главното жариште. Тоа е нашата моментална стратегија, но пожарот сè уште не е ставен под контрола и продолжува да се движи“, рече тој.
Временските услови, особено силниот ветер, и натаму претставуваат голем проблем, а властите проценуваат дека пожарот можеби нема да биде целосно ставен под контрола пред сабота.
Едно лице било згрижено поради вдишување чад, а еден пожарникар се здобил со полесни повреди.
Засега нема информации за исчезнати лица, додека локалните власти отворија центри за евакуација и поддршка на раселените жители.
Причината за пожарот засега не е позната.
Градоначалникот на Драмен, Кјел Арне Хермансен, изјави:
„Пожар од вакви размери во Драмен, кој погодува толку многу жители, е шокантен. Исклучително е важно граѓаните да ги следат упатствата на пожарникарите и полицијата. Општината го активираше кризниот штаб и кризното управување. Работиме координирано, но ова е голем пожар што го погодува целиот Драмен.“
NORWAY IS IN FLAMES 🇳🇴🇮🇱
— Parody Jeff (@Parodyjeffx) July 18, 2026
A wildfire tore through townhouses, destroying hundreds of homes and forcing evacuations.
It happened two days after Norway voted to ban all goods and investments linked to illegal Israeli settlements in the West Bank.
Just a coincidence? pic.twitter.com/UDNtUy9C0T