Повторно тензично во Собранието по инцидентот со пратеникот Арбр Адеми кој со тврди предмети фрлаше кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако Комисијата за европски прашања беше прекината, таа сепак продолжи без претседателот Адеми и траеше околу половина час.
Според информациите, пред вратата на салата 6 стоело обезбедување, додека пак пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа да се работи по Деловникот.
Пратениците бараа процедурално обраќање, а потпретседателката на Комисијата, Арта Биљали-Зендели констатираше дека нема повеќе процедурални обраќања, по што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираа.
Седницата е закажана за утре на пладне.