Холивудската актерка Глен Клоуз го избра филмот „Пред дождот“ во промотивно видео пред оскаровската церемонија во кое на филмски уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја.
„Има филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, рече актерката.
На истото прашање во видеото во продолжение одговорија и Марго Роби, Метју Либатик, Бери Киган, и уште неколку имиња од филмскиот свет.
