Македонија

ВИДЕО Пред натпреварот Осогово – Големо Коњари откриени бистите на навивачите загинати во дискотеката „Пулс“

ВИДЕО Пред натпреварот Осогово – Големо Коњари откриени бистите на навивачите загинати во дискотеката „Пулс“

Пред натпреварот меѓу Осогово и Големо Коњари, кој заврши со резултат 2-0, беа откриени бисти на двајца навивачи на домашниот тим, Томас Златков и Александар Стојанов, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Навивачите на „Сејмени“ го загубија животот пред една година, во една од најголемите трагедии што ја погодиле Македонија. Во пожарот во дискотеката животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Откривањето на бистите е чин на сеќавање и почит кон навивачите кои трагично го загубија животот, како и начин за одбележување на нивната посветеност и љубов кон тимот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни