Премиерот, министри и вицепремиери доцна вечерва на прес конференција се појавија без кравати пред новинарите и соопштија дека скопјани на 15-ти ќе се разбудат со топли радијатори.
Премиерот Димитар Ковачевски дури и се шегуваше со новинарите. На поставено прашање: Како ќе се преземат топланите од Адора инженериг и како ќе се врши производството на топлинска енергија, премиерот одговори:
„На 15-ти октоврми мора да има прано во државата“, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Новинарка: Како?
„Со греење на вода во топланите и испорачување на домаќинствата“, додаде премиерот.