Во несекојдневно видео објавено на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски самиот го интервјуираше министерот за транспорт додека се возеа по новоизградениот дел од автопатот Кичево–Охрид, на потегот од Врбјани до Охрид.
„Навистина долго време граѓаните го чекаа ова. До Кичево остануваат уште околу дваесетина километри, вклучувајќи и седумнаесет километри автопат и два километри тунели,“ рече Мицкоски.
Тој посочи дека најголемите предизвици се свлечиштата кај селото Ботун, но порача дека „проблемите ќе ги оставиме во минатото“.
„Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија,“ истакна премиерот.