Свет

ВИДЕО Први снимки од урнатиот авион во Русија

ВИДЕО Први снимки од урнатиот авион во Русија

Руската контрола на воздушниот сообраќај изгубила контакт со патничкиот авион Ан-24 во кој, според првичните информации, се наоѓале околу 50 лица. Авионот, управуван од авиокомпанијата Ангара, бил на лет кон градот Тинда во регионот Амур, на крајниот исток на Русија, близу до границата со Кина.

Порталот SHOT јавува дека авионот исчезнал само неколку километри пред својата дестинација. Според гувернерот на регионот, Василиј Орлов, во авионот се наоѓале 43 патници, меѓу кои и пет деца, како и шест членови на екипажот. Тој на Телеграм напиша дека „сите расположиви сили и ресурси се испратени на терен за пребарување“.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека за време на потрагата, хеликоптер Ми-8 на Федералната агенција за воздушен транспорт открил запалени остатоци од авионот. Првите снимки од воздух го прикажуваат трупот на леталото во пламен, а спасувачките тимови се подготвуваат да се спуштат до местото на несреќата.

Сѐ уште нема официјална потврда за бројот на загинати или преживеани. Министерството за вонредни ситуации го намали првично пријавениот број на луѓе во авионот, оценувајќи дека станува збор за околу 40 лица. Потрагата и спасувачката акција продолжуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни