ВИДЕО: Ракови го прекинаа сообраќајот на австралиски остров

Годишната миграција на црвените ракови предизвика прекин на сообраќајот на австралискиот Божиќен остров. Покрај нивното епско патување, познато е дека црвените ракови се канибали, односно ги јадат своите млади.

Десетици милиони ракови практично го окупираа Божиќниот остров, кој се наоѓа северозападно од австралиското копно. Паркс Австралија, владиното тело задолжено за зачувување на дивиот свет на островот, испрати свој персонал на терен за да ги отстрани раковите од патот, да дозволи сообраќајот да тече и да ги информира жителите за затворените патишта.

Властите се добро подготвени за маршот со ракови бидејќи тој се повторува секоја година, обично во октомври и ноември. Постојат дури и специјални тунели и мостови под и над прометните патишта за да се минимизира страдањето на раковите под тркалата на возилата.

Миграцијата на црвените ракови на Божиќниот остров стана една од главните туристички атракции.

Точниот период на патување на црвените ракови од шумата до океанот се одредува врз основа на дождовните и лунарните фази.

Миграцијата ја водат машки, а потоа женски ракови.

Кога ќе стигнат до океанот, следува парење и секоја женка снесува до 100.000 јајца. Сепак, повеќето ракови никогаш не се враќаат во шумата бидејќи ги јадат риби и ајкули. Исто така, ларвите кои стигнуваат до плажата често се оброк за постарите индивидуи од истиот вид.