Иако многумина мислат обратно, сепак малите деца можат да ја следат приказната во својот омилен цртан кој го гледаат, а за ова доказ е и реакцијата на малото девојче кога се случува пресвртот.
Ешли Огборн на својот Тик Ток сподели видео од своето мало девојче Елери која ја сака емисијата „Кокомелон“.
„Работите стануваат „сериозни“ кога хрчакот Џелибин исчезнува на Кокомелон,“ напиша Огборн во описот на видеото.
Елери го гледа цртаниот, како и вообичаено, а Огборн ја снима секоја секунда од реакцијата на малечкото. Прво следи шок-изненадување, намуртено разочарано лице, па ширење на рацете и крикот „О, неееее!!!“
Еве како изгледа тоа:
@ashleyogburn Things get serious when jellybean the hamster goes missing on cocomelon! #funny #toddler #kids #fun #baby #family #children
♬ Spongebob – Dante9k
