(ВИДЕО) Ременски: Сите велат ќе се врати Груевски, но ние не истраживме како тој замина

Фросина Ременски, професорка на факултетот за безбедност и поранешен пратеник и министер за труд и социјална политика, гостувајќи во студиото на ТВ21 во летното издание на „Клик Плус“ кажа дали со измените на Кривичниот законик ќе значи дека екс премиерот Никола Груевски ќе се врати во земјава.

„Ако веќе се споменува екс премиерот Никола Груевски, сите велат после овие измени на Кривичниот законик и олеснителните околности, тој ќе се врати. Но, ние не истраживме како тој замина и според мене тоа се излижни дебати. Има поврзување со измените со Кривичниот законик и враќањето на Груевски во замена за гласањето на уставните измени. Но, не би навлегувала во тој дел затоа што не сум во Собраниет, тоа е претпоставка. Дали се води мртва трка, тоа ќе го покаже времето“, рече Ременски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното