Свет

ВИДЕО: Репортерката на Си-Ен-Ен во солзи по новите земјотреси – „Беше неверојатно силно“

ВИДЕО: Репортерката на Си-Ен-Ен во солзи по новите земјотреси – „Беше неверојатно силно“

Два силни земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени ја погодија вечерта провинцијата Хатај во Турција.

Новинарката на Си-Ен-Ен, Турк Бусе Девирен, која во живо известуваше за реакциите од кампот во кој се сместени преживеаните од земјотресот на 6 февруари што ги погоди Турција и Сирија, се расплака за време на нејзиното пренесување во живо по земјотресите вечерва.

Таа рече дека за време на земјотресот се превртеле печките во шаторите, а луѓето бегале. Завладеа паника. „Земјата попушташе под нашите нозе. Се тресевме неверојатно. Беше неверојатно силен земјотрес. Не беше како последователни потреси“, рече таа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни