ВИДЕО: Руски дизајнери вградиле дел од 80 години стар заб на Т-рекс во „ајфон“

Уникатната копија на „iPhone 13 Pro Tyrannophone“, вреден девет илјади долари, е украсена со тродимензионална слика на глава на диносаурус со жолти очи направени од вистински килибар, што изгледа застрашувачки.

Со цел да се создаде нова колекција на уникатниот модел „iPhone 13 Pro Tyrannophone“, со еден терабајт меморија, дизајнерите на руската марка на луксузни паметни телефони компанијата „Caviar“ решија да си поиграат со значењето на префиксот „tera-“ (чудо, чудовиште), смислувајќи три целосно уникатен и „страшен“ модел на телефон.

Како дел од целосно новата серија Terra, Tyranophone, како што е именуван моделот, е направен од лесни композитни материјали, со гравури на задната страна на телефонот со позлата.

Окото на диносаурусот е направено од вистински килибар, а главата од титаниум.

На телефонот на грбот е втиснат вистински заб од диносаурус, а во продажба ќе бидат достапни само седум примероци од овој модел.