ВИДЕО: Руски дрон погоди патнички воз во Украина, најмалку четворица загинати

Најмалку четири лица загинаа денеска во напад со руско беспилотно летало врз патнички воз во Харковската област на истокот на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Четири лица сè уште се водат како исчезнати, а две се повредени, објави Зеленски на платформата X.

Се вчитува...

„Во секоја земја, напад со дрон врз патнички воз би се сметал за терористички чин. Не постои воено оправдување за убиство на цивили во вагон“, напиша тој.

Зеленски повика на поголем меѓународен притисок врз Русија и побара таа да биде казнета за своите постапки.

Според Зеленски, во возот имало повеќе од 200 патници. Претходно министерот за развој, Алексeј Кулеба, изјавил дека патници биле 291, додека регионалното обвинителство наведува дека имало повеќе од 155.

Кулеба истакна дека руските сили го нападнале возот со три дрона „Шахид“ кои предизвикале пожар. Во возот кој сообраќал на релација Барвинкове–Лавов кон запад, биле евакуирани 291 патник.