Свет

ВИДЕО: Се појави снимка од паднатиот авион, загинаа 10 лица меѓу нив и Пригожин

ВИДЕО: Се појави снимка од паднатиот авион, загинаа 10 лица меѓу нив и Пригожин

Деловниот авион „Ембраер“ се урна во регионот Твер, сите во него загинаа, потврди за ТАСС прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации. “Авионот Ембраер летал од Шереметјево до Санкт Петербург. Во авионот имало тројца пилоти и седум патници. Сите загинале”, рекол изворот.

Според него, инцидентот се случил во близина на селото Куженкино. Од друга страна, итните служби за ТАСС изјавија дека се пронајдени телата на четири лица. Тој исто така додаде дека авионот се запалил кога удрил во земјата. Федералната управа за авијација започна истрага за несреќата.

Според информациите, во оваа несреќа загинал и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни